Sunday, May 3, 2015

Борбени сили на Турција


Турската армиска снага се состои од стандардната армиска единица, турската морнарица и турската воздухопловна единица. Жандармеријата и крајбрежната заштита оперираат како дел од турското Министерство за внатрешни работи, иако според улогата и задачите спаѓаат во армијата и морнарицата.
Турската армија е втора најголема армија во НАТО, после армијата на САД со околу 1.043.550 униформирани војници кои служат во пет оддела. Секој способен хетеросексуален маж со турско државјанство е приморан да служи војска, а додека хомосексуалците можат да служат војска ако сакаат.



Географија и клима во Турција



.
Турција е трансконтинентална азиско-европска држава. Азискиот дел на Турција со површина од 755,688 км2 (околу 97%) е одделена од европска турција со протоците Босфор, Дарданели и Мраморно Море. Европскиот дел на Турција е околу 23,764 (или 3 %) од вкупната површина на Турција и ја зафаќа територијата на Тракија. Територијата на Турција во должина е долга околу 1.600 километри а широка 800 километри. Во светски рамки, Турција е 37 земја според територија. На север, Турција излегува на Црно Море, на запад ислегува на Егејско Море и Мраморно Море а додека на југ излегува наСредоземно Море. На исток се граничи со Грузија, Ерменија и Иран. Европскиот дел на Турција излегува на три мориња: североисток на Црно Море, исток на Мраморно Море и југ на Егејско Море. На север се граничи со Бугарија а на запад со Грција. Цела Турција е планинска земја со поголем број на езера и со континентална, океанска и средоземна клима. Најголеми реки се Тигар и Еуфрат а додека најголемо езеро е Ван Езеро. Највисок врв во Турција е Арарат со 5.165 метри.

Доселување на Турците на територијата на Турција

Турците започнале да се доселуваат на денешната територија на Турција во 11 век. Овој процес на доселување бил забрзан со победата на Селџуците над Византиската Империја. Мала Азија одреден период била управувана од различни бегови и мали управни области, сè до доаѓањето на Монголците. Од 13 век, Отоманците ја обединиле Анадолија и ја создале моќнатаОтоманска Империја, која се протегала во Југоисточна Европа, Југозападна Азија и Северна Африка. По Првата светска војна, кога Отоманската Империја се распаднала, нејзината територија била окупирана од Сојузничките сили. Младата турска генерација предводена од Кемал Ататурк организирале успешен отпор против Силите и во 1923 година ја основале модерната Турска Република со Кемал Ататурк како прв претседател.
Поради турската местоположба како крстопат меѓу Азија и Европа, Турција има голема геостратешна важност.Доминантна религија во Турција е Исламот, со мали христијански и јудејски заедници. Официјален јазик во Тирција етурскиот јазик, кој е најдоминантен јазик во државата, но околу 18% од населението зборува и курдски и фдазаки.
Турција е демократска, секуларна, унитарна уставна република, со големо античко културно наследство. Турција е член на голем број меѓународни организации што ја прави западноориентирана држава. Турција е член на НАТО и земја кандидат за прием во ЕУ и се смета за регионална сила.


Република Турција

Република Турција  е независна држава во Евроазија која се протега полуостровот Мала Азија и на дел од Балканскиот Полуостров во Југоисточна Европа. Турција е една од шесте независни турски држави во светот. Турција граничи со осум држави и излегува на четири мориња. На северозапад граничи со Бугарија, на запад со Грција, на североисток со Грузија, на исток со Ерменија, Азербејџан и Иран и со Ирак и Сирија на југ. На север од државата се наоѓа Црното Море, на запад е Егејското Море, на северозапад еМраморното Море, додека на југ е Средоземното Море. Мраморното Море, заедно со протоците Босфор и Дарданели ја сочинуваат природната граница меѓу европското и азиското турско копно.